Кога некој би можел да одбере во која куќа во Лос Анџелес би сакал да живее, „Blue Jay Way Residence“ сигурно би била при врвот на листата со желби.
Оваа луксузна куќа се наоѓа на ридските падини над Градот на ангелите, нудејќи панорамски поглед над метрополата кој делува магично.
Овој дом е дизајниран во студиото „McClean Design“, а изграден од страна на „Corr Contemporary Homes“ во 2011 година.
Таа се простира на 630 метри квадратни во кои се сместени бројни луксузни детали, како базен, гаража за четири автомобили и многу гостински соби за да собере доволно голем број пријатели на гости.