4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија повторно „сама против сите“

Британија повторно „сама против сите“

london1

Британија ќе се спротистави на новите прописи на ЕУ за ограничување на банкарските бонуси на состанокот на министрите за финансии наредната недела во Брисел.

Според овие мерки, бонусите нема да можат да бидат поголеми од годишната плата, а целта на мерката е да се зголеми нивото на основниот капитал на европските банки, изјави еден неименуван европски претставник.

Портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон, вчера изјави дека прописите на ЕУ мораат да овозможат флексибилност на национално ниво.

Министрите за финансии во еврозоната, во вторник нема да го одржат официјалното гласање, бидејќи техничките детали на тој закон сеуште не се финализирани, но ќе се разговара за тоа прашање поради постигнување на поширок политички консензус, изјави претставникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП