29 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУред три во едно - таблет, смартфон и лаптоп (видео)

Уред три во едно – таблет, смартфон и лаптоп (видео)

dragonfly-futurefon

Ако некој мисли дека смартфоните веќе ги исцрпуваат функциите и не можат да понудат којзнае што изненадувачки, не бил во право.

Производителите тестираат различни верзии – криви дисплеи, втор екран, секакви апликации за сешто. Меѓутоа, има и доста револуционерни случувања.

Еден од нив е на „Idealfuture“ и е наречен „Dragonfly Futurefon“. Според креаторите тоа е „инструмент за постигнување на глобална мобилна доминација“. Концептот на смартфонот има претензии да е најпаметниот уред до сега.

Концептуалниот развој е на уред со два екрана. Тие можат да работат како еден или поединечно. Едниот може да се откачи и да се користи како самостоен смартфон или таблет. Кога екранот е поврзан со главното тело, кое има и хардверска „QWERTY“ тастатура, телефонот станува дел од лаптоп компјутер. Двата уреди можат да се полнат истовремено и да користат една мобилна врска и претплата.

„Dragonfly“ располага со два 7-инчни екрани, по една камера на предните панели и втора одзади. Секој од екраните има резолуција од 2560х1440 пиксели. Додаден е и „touchpad“ кој може да се собере во куќиштето. Тој исто така има статисти – на пример може да се свитка и така да зазема значитено помалку место.

Кога е целосно склопен, димензиите на „Dragonfly“ се 108х311х24,13 мм. Во исправена состојба димензиите се 108х311х12,7 милиметри. Тежината е 452 грама.

tab lap smart

На располагање се до 128GB простор за чување податоци во таблетот и уште толку во главното тело. Освен тоа, има два слота за „SD“ картички исто со капацитет до 128GB во секој.

Според креаторите, целта на „Dragonfly“ е да се елиминира потребата корисниците да носат три одделни уреди. Како што велат од компанијата ова е следниот природен чекор во развојот на компјутерите и мобилната технологија – т.е. нивно соединувње.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП