12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФунтата на најниско ниво во однос на доларот од 2010 година

Фунтата на најниско ниво во однос на доларот од 2010 година

h

Британската фунта падна на најниска вредност во однос на американскиот доларот во последните две и пол години, поради стравот дека слабите економски показатели ќе ја примораат централната британска банка да вложи нови финансиски средства во економијата.

Вредноста на фунтата во петокот падна за 1,13 проценти и курсот изнесува 1,4997 долари за фунта, што е прв пат по летото во 2010 година, да е пробиена границата од 1,50 долари за фунта.

Британската валута се наоѓа под притисок откако агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ на Велика Британија и го намали рејтингот со, дотогаш најголемо, тројно А.

„Мудис“ предупреди дека слабиот економски раст би можел да ја намали способноста на владата да го контролира зголемувањето на долгот и да се „фати во замка“ со евентуалните нови финансиски проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП