28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе поголем јавниот долг на Италија

Се поголем јавниот долг на Италија

pari1

Бруто домашниот производ на Италија падна за 2,4 проценти минатата година, а јавниот долг порасна за 120,8 проценти во 2011 година на 127 процентии од БДП.

Од друга страна пак, буџетскиот дефицит е намален за 3 проценти од БДП, колку што изнесува границата во ЕУ, со 3,8 проценти од претходната година, наведуваат од Заводот за статистика во Рим.

Италија, исто така, забележа примарен суфицит, без вклучена камата на долговите, од 2,5 проценти од БДП, двојно поголем во однос на 1,2 проценти во 2011 година.

Италија поминува низ најдолготрајната рецесија во последните 20 години, со рекордна невработеност.

Домашната потрошувачка минатата година е намалена за 3,9 проценти, извозот на роба и услуги се зголемил за 2,3 проценти, додека пак, увозот се намалил за 7,7 проценти, додаваат од Заводот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП