2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„КомерцБанк“ спогодбено ќе плати над една милијарда долари на САД за кршење...

„КомерцБанк“ спогодбено ќе плати над една милијарда долари на САД за кршење на ембарго

datacommerzbankodpk093ur

Втората по големина германска банка КомерцБанк се согласи да плати над една милијарда долари за прекин на истрагата на американските власти, кои ја обвинуваат за кршење на ембаргото наметнато од САД.

Договорот, што вклучува истраги на американската Управа на федерални резерви, регулаторот на финансиски служби во Њујорк, Министерството за правда и Обвинителството на Менхетен, е во процес на финализирање и ќе биде официјално објавен во јануари, соопшти анонимен претставник.

Германската банка е казнета со 600 милиони долари за трансакции, кои се однесуваат на кршење на одлуката на САД за ембарго на земји како Иран, Судан и Мјанмар. Останатиот дел од сумата е поврзана со други обвиненија кон банката, како кршење на американските правила против перење на пари.

Обвиненијата се покренати кон крајот на септември од Обвинителство на Менхетен во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП