18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовата верзија на iOS 8 е достапна за корисниците

Новата верзија на iOS 8 е достапна за корисниците

Tim Cook

„Apple“ го објави ажурирањето „iOS 8.1.2“ зa компатибилните „iPhone“ и „iPad“ уреди. Последната верзија на овој оперативен систем би требало да ги корегира „баговите“ и да ги обезбеди корисниците да не ги изгубат мелодиите кои ги купиле преку „iTunes Store“.

Последниот „update“ на „Apple – iOS 8.1.1“ беше објавен на среднината на ноември и беше фокусиран за подобрување на перформансите на постарите уреди.

Меѓутоа, кај некои корисници со ажурирањето се избришаа и мелодиите. Сега тие можат да ги вратат назад доколку ја посетат „itunes.com/restore-tones“.

Новиот „update“ нема некои значајни подобрувања, па производителот не прецизираше за што станува збор.

Првиот „update“ за „iOS 8“ предизвика главоболка меѓу корисниците на „Apple“ уредите. „8.0.1.“ имаше проблеми со „Touch ID“, сензорот за отисок на прстите и губење на мрежата. „Apple“ им се извини јавно на купувачите и ја повлече верзијата.

Покрај тоа, меморијата за превземање на „iOS 8“ беше несразмерно голема. Многумина мораат да се откажат од фотографии или видео снимки, со цел да го ажурираат оперативниот систем. Покрај тоа, новиот оперативен систем е добро прифатен.

Според проценките на компанијата „Apple“, околу 63 отсто од корисниците на „iPhone“ го користат „iOS 8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП