28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис хороскоп за 2013 година: Овенот нека ги засука ракавите, на шкорпиите...

Бизнис хороскоп за 2013 година: Овенот нека ги засука ракавите, на шкорпиите им доаѓаат пари од сите страни

horoskop3

Ќе има и пари и работа, но само ако ги „засукаме ракавите“ и ако ги препознаеме добрите прилики.

Раковите треба да соработуваат со странци, Водолиите да почнат семеен бизнис, Лавовите „ортачки“…

Овен

Очекувате дека ќе се наработите оваа година, но и дека ќе морате да се прилагодите на други луѓе и околности. Немојте да одолговлекувате со промените кои се неопходни. Можеби ќе морате да земете некаков кредит за да започнете или завршите нешто во врска со работата. Кредит земете само за овие цели!

Бик

На почетокот на годината, до пролет, ќе бидете нервозни поради работата. Затоа е неопходно да се фокусирате на работните обврски за да ги завршите на најдобар можен начин. Успехот доаѓа брзо, но само ако се добро испланирате. Од крајот на јануари до јуни, прилив на пари преку некои неочекувани работи или искористени прилики.

Близнаци

Можеби ќе работите некоја работа која вам не ви се допаѓа. Оваа година не можете многу да бирате. Немојте да се нервирате ако мислите дека губите време, бидејќи подобро е да работите нешто отколку да седите дома. Доколку се префорсирате на работа, може да дојде до пад на имунитетот и болест. Затоа, не претерувајте.

Рак

Немојте да се нервирате поради работата, туку правете така како што мислите дека е најдобро. Од крајот на јануари многу работи ќе се поместат, работи кои досега биле закочени, ограничени, оние поради кои сте биле незадоволни.

Лав

Доколку сте планирале приватен бизнис, сега е можност за тоа. Договорете се со семејството или пријателите, разработете заедно некој нов бизнис. Доколку веќе работите приватно, оваа година ќе биде сјајна за вас.

Девица

Конечно ќе можете да почнете да штедите пари онака како што сте планирале. Не се нервирајте ако не оди се според планот, сега ќе биде подобро, многу подобро отколку во претходните две години, кои ви биле многу напорни.

Вага

Конечно ќе ви биде полесно. Од октомври чувствувате промени на подобро, па сега единствено актуелна ќе биде грижата за пари. Не е пожелно да земате кредит, освен ако не сакате да вложите во домот. Обидете се да работите што е можно подобро на работа, но немојте да се преоптоварувате.

Шкорпија

Што се однесува до вас, некако, парите ќе доаѓаат од сите страни, но немојте да ги трошите на глупости. Обидете се да не се развлекувате на сите страни, да не работите премногу работи во исто време, бидејќи ништо нема да направите како што треба. Од јули подобра финансиска ситуација.

Стрелец

Што се однесува на финансиската ситуација, оваа година ќе морате многу да работите, но повеќе за углед, отколку за пари. Пари ќе имате, но славата, сепак, ќе биде поважна.

Јарец

Нема веќе толку тешкотии на работа, па и помалку се нервирате. Сега свртете се кон своите желби и планови, а во тоа можат да ви помогнат и пријателите. Обидете се да не верувате секому, и да не позајмувате пари никому.

Водолија

Убаво е што сакате да се забавувате на работа, но обидете се од тоа да извлечете некоја корист. Од јули очекувајте проширување на работата, нови прилики, зголемување на платата. Со еден збор- деловните можности ќе процветаат.

Риби

Многу изненадувања, и непријатни и пријатни, ве очекуваат во врска со работата. Обидете се добро да се организирате. Во првата работна половина од годината очекувајте добри прилики, но се повеќе се сведуваат на ветувања. Дури во другата половина од годината плановите ќе се реализираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП