9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеско - Американска војна

Кинеско – Американска војна

kina-amerika copy

Војната во сајбер-просторот станува главна пречка во односите помеѓу САД и Кина. Американската војска и владините претставници одговорни за безбедноста, веќе долго време ја осудуваат Кина за нападите врз компјутерските мрежи на САД, а Кина објавила дека две третини од нападите на кинеската мрежа доаѓаат од САД, пишува The ​​Wall Street Journal

Кинеското Министерството за одбрана објави, дека две кинески воени веб-страни, од кои едната веб-страна на Министерството за одбрана и веб/страната на кинеската армија – минатата година биле мета на повеќе од 100.000 сајбер напади за еден месец, а две третини од тие напади биле управувани од страна на САД.

Оваа изјава на кинеската влада е директна, бидејќи компанијата Mandiant, специјализирана за интернет безбедноста, објави извештај во февруари, кој ја поврзува кинеската армија со сајбер напади во целиот свет, вклучувајќи ги и оние насочени против американските корпорации и владини агенции, пишува The ​​Wall Street Journal.

Кинеските ставови покажуваат дека војната во сајбер-просторот станува главна пречка во односите помеѓу САД и Кина, според весникот. Американската војска и владините претставници одговорни за безбедноста, веќе долго време ја осудуваат Кина за најтешките напади врз американските компјутерски мрежи. Во 2011-та година, за прв пат во официјален извештај, кинеските хакери се наречен “најактивни и најупорни во економската шпионажа.” Еден висок американски разузнавачки претставник вели дека Кинската влада ги поддржува овие напади, и всушност стои зад нив.

На веб-страницата на кинеското министерство за одбрана, портпаролот Geng Yansheng не ја обвини јавно американската влада дека е одговорна за нападите. Сепак, тој ги спомна “Извештаите од американските медиуми “, во кои е наведено дека САД планира да изгради превентивна политика против компјутерски напади, зголемување на бројот на вработени и да ги постави правилата на таквата политика.

“Таквата пракса нема да придонесе во напорите на меѓународната заедница за подобрување на интернет безбедноста. Се надеваме дека САД ќе ги објасни и разјасни своите ставови”, се вели во кинеската изјава.

Портпаролот на Белата куќа одби да коментира во четвртокот за кинеските ставови, вели американскиот весник.

Американски официјални лица велат дека тие немаат причина да се сомневаат во веродостојноста на извештаите на Кина за потеклото на нападите на сајтовите на кинеската војска, но американската влада не поддржува хакирање во насока на индустриска шпионажа.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана, рече дека веб страните на Министерството за одбрана и кинеската армија се соочуваат секој месец со 144.000 напади од странство, а 69,2 отсто од нив потекнуваат од САД. При тоа не прецизираше дали нападите биле насочени исклучиво кон тие страници или на други цели во рамките на воените компјутерски мрежи кои содржат чувствителни информации.

Компанијата Akamai Technologies, која го следи интензитетот на сообраќајот во глобалната мрежа, во третиот квартал од минатата година, најави дека Кина е најголемиот извор на напади во светот, од каде се остваруваат 33 проценти од сите напади. Втор на листата е САД, со 13 проценти напади.

Претседателот на американскиот одбор на парламентот одговорен за безбедноста Мајк Роџерс, минатата недела рече дека американците ја губат глобалната сајбер војна. Кога го прашале дали тој верува дека Кина е зад нападите врз американските корпорации, рекол дека во тоа не се ни сомнева.

“Тие ги користат своите воени и разузнавачки структури за да украдат интелектуална сопственост на американски, азиски и европски економии, со цел да се натпреваруваат со тоа знаење на пазарот во светот против САД. Ова е неприфатливо”, рече Роџерс. Тој додаде дека тоа ги поткопува темелите на американско-кинеските односи и дека на кинезите треба да им биде јасно дека тоа не треба да им биде вообичаен начин на водење бизнис. Треба да им се покаже дека за тоа “мораат да платат”, изјави претставникот на САД.

По објавувањето на извештајот на Mandiant, Белата куќа соопшти дека ја разгледува заканата од кинески сајбер напади на највисоко ниво. Во последниве месеци, на нападите биле изложени голем број на американски компании. Меѓу, оние кои ги нападнаа Твитер, Мајкрософт, Фејсбук и Apple, ниту еден од овие напади не бил поврзан со Кина.

Во март 2012 година, веб-страниците на неколку локални кинески власти и неколку десетици кинески компании се најдоа на мета на глобалната хакер група Anonymus. На нападнатите страници стоел натпис со црвени букви: “Почитуван кинеската владо, не сте непогрешливи. Денес вашиот сајт е пробиен, а утре ќе биде урнат вашиот скапан режим.”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП