22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGazprom ќе основа сопствена берза

Gazprom ќе основа сопствена берза

berza st.petersburg

Главната задача на неодамна основаното одделение за берзанско тргување во „Gazprom“ ќе биде не само организација на учеството на концернот во берзанските тргувања на платформите, туку и основање на сопствена берза на која ќе продаваат гас за извоз, беше објавено од компанијата.

„Gazprom“ уште во 2008-ма година ги најави плановите за основање на гасна берза во Санкт Петерсбург, која со пуштањето на Северниот тек ќе стане и главен извозен центар.

Гасоводот започна да работи уште во 2011-та година, но никој не се брзаше да ја создаде берзата.

Самот тргување со гас во Русија е обновено во октомври оваа година на берзата „SPIMEKS“. Минатата недела концернот ги објави плановите за формирање на извозен центар во Турција.

Gazprom“ од 2006-та дo 2008-ма година успешно тргуваше со гас на Електронската платформа за тргување на „Gazprom“, а потоа следеше шестгодишна пауза.

Во составот на Берзата во Санкт Петерсбург ќе бидат најмалку пет одделенија – самата берза, како и логистика, анализа, сектор за информатичка технологија и сектор за соработка со државните органи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП