29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch ја предупредува Хрватска

Fitch ја предупредува Хрватска

fic1

Хрватска ќе има ограничени придобивки од влезот во Европската унија доколку не го подобри пазарот на трудот и доколку не ги отстрани препреките за инвстициите, пренсеуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на предупредувањата од страна на светската рејтинг агенција „Fitch“.

„Пристапот до ЕУ во јули би требало позитивно да влијае на хрватските изгледи за раст, но користа од ова ќе биде ограничена поради недостатокот на веродостојна среднорочена програма за фискална консолидација и солиден напредок во спроведувањето на програмата за структурни реформи“, изјави директорот на одделот за рејтинг во Блумберг.

„Fitch“ е единственатa голема рејтинг агенција која сеуште ги вклучува хрватските државни хартии од вредност во инвестициска категорија.

„Standard & Poor’s“ и „Moody’s“ минатата година го намалија крединиот рејтинг на Хрватска.

И двете агенции како причина  го наведоа застојот во закрепнувањето, недостатокот на буџетска дисциплина и ранливоста на надворешните шокови.

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изминатите неколку дена беше во посета на Хрватска и во својата завршна изјава рече дека хрватскиот јавен долг во втората половина од 2014 година ќе надмине 60 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП