7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTelegram има 50 милиони корисници

Telegram има 50 милиони корисници

telegram 434

Меѓу апликациите за размена на пораки на мобилните уреди се води жестока конкурентска битка. „WhatsApp“ и „Facebook Messenger“ убедливо водат според критериумот на бројот на корисници, но постојат и „помали“ конкуренти кои им одземаат дел од пазарниот колач.

Меѓу нив се истакнува „Telegram“, апликација која се одвојува од останатите пред се поради фактот дека сите пораки ги штити со многу силна енкрипција.

Од компанијата заслужна за оваа апликација, се пофалија дека нивниот систем за размена на пораки постигнува рекордни резултати. Моментално бројат повеќе од 50 милиони активни корисници на месечно ниво, а тој број секој месец расте со дополнителен милион на нови корисници. Покрај тоа, преку „Telegram“ моментално се разменуваат повеќе од една милијарда пораки на ден.

Самите автори на апликацијата признаваат дека ги изненадила ваквата популарност, особено поради тоа што за рекламирање потрошиле точно, нула долари! Моментално имаат корисници од сите делови на светот, а во пораст е бројот на мали компании и тимови, кои својата комуникација ја доверуваат токму на „Telegram“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП