29 март, 2024
ПочетнаДИЕТИОриз диета: За три недели седум килограми помалку

Ориз диета: За три недели седум килограми помалку

oriz-dieta5445

Оригиналната ориз диета е креирана уште во 1939 година, а ја создал д-р. Валтер Кемпнер…

Нејзината намена во тоа време била да го намали крвниот притисок, да го регулира шеќерот, и да ја подобри состојбата на лицата со болни бубрези. Кога оваа исхрана покажала ефекти и на намалувањето на тежината, многу лица започнале да ја користат и за слабеење. Еве една верзија од оваа диета која за три недели ќе ви помогне да намалите од 7 до 10 килограми.

План за исхрана

Појадокот секој ден е ист: Една шоља (порција) варен ориз во вода, без сол или шеќер. За вкус можете да исцедите малку лимонов сок и да додадете малку маслиново масло. Во текот на диетата користете кафеав (интегрален) ориз. За ужинка меѓу појадокот и ручекот јадете парче овошје.

Ручек за првите 7 дена: шоља ориз, шоља грав, грашок или леќа, парче интегрален леб. Користете повеќе зачини, а помалку сол.

Вечера за првите 7 дена: шоља ориз и 150 гр. немасно месо (пилешки или мисиркини гради, свинска кременадла, риба). Месото не го солете, исцедете само лимонов сок. Можете да изедете тенко парче интегрален леб.

Ручек за вторите 7 дена: шоља ориз, парче интегрален леб.

Вечера за вторите 7 дена: шоља ориз и парче интегрален леб.

Третата недела: Следете го планот на исхрана од првата недела со тоа што ќе додадете и една млечна ужинка меѓу ручекот и вечерата (200 мл млеко или малку овошен јогурт).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП