7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ќе го задржи 4-инчниот iPhone

Apple ќе го задржи 4-инчниот iPhone

ap ekran

Во азиските медиуми се појавија информации дека „Apple“ и по следната година ќе остане при моменталната продажба на асортиманот на „iPhone“, барем кога станува збор за големината на екранот.

Имено за 2015-та година се очекува надоградба на моменталните модели, „6“ и „6 Рlus“, па најверојатно тие ќе се нарекуваат „6S“. Покрај тоа, најавено е и згаснување на „евтиниот“ модел „5C“, a судбината на „iPhone 5S“ засега не е позната.

Изворите кои се цитирани во азиските медиуми говорат дека „Apple“ има во план да го задржи и најмалиот модел на „iPhone“ со дијагонала од 4 инчи, па така да ги задржи сите три големини на екранот и да ги задоволи сите кориснички желби и потреби.

ap ekran1

Од таа причина, најверојатно, компанијата со лансирањето на освежените модели на „шестката“, во продажба ќе пушти и целосно нов уред со дијагонала на екранот од 4 инчи.

Дали тоа ќе биде „iPhone 5S“ во друго пакување и по помала цена, слично како стариот модел „5“ кој се претвори во „5C“, или пак станува збор за целосно нов модел, засега ништо не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП