24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто подготвува HTC?

Што подготвува HTC?

pod htc

Декември обично е периодот кога производителите на смартфони се тркаат за промовирање на постоечките уреди, но се случува да „протече“ информација за некои идни модели.

Според досега непотврдените информации, уредот „HTC M9“ кој има работен наслов „Hima“, со димензија од пет инчи, ќе има екран од 1920×1080.

Претходните (исто така непотврдени) информации укажуваа дека новиот телефон ќе има 5.5. ични.

Според најновите информации, „Hima“ ќе го има новиот процесор на „Qualcomm – Snapdragon 810“, кој се најде во продажба минатата недела.

Интересно е дека според гласините, во „HTC“ се одлучиле да се збогуваат од „UltraPixel“ технологијата која е дел од нивните смартфони уште од 2013-та година.

Наместо тоа, смартфонот „Hima“ би можел да има предна камера од 20,7 мегапиксели.

Уште поинтересна новина е најавена во овие информации, а тоа е дека „M9“ ќе има батерија од 2840 mAh. Доколку гласините се точни, уредот во тој поглед ќе биде послаб од „Droid Turbo“, но токму поради „Full HD LCD“ екранот нема толку да ја троши батеријата, како што беше случај со „QHD“.

Некои дури тврдат дека „Hima“ во целост ќе го замени „M9“ брендот, но оваа информација, како и останатите треба да се земат со доза на скептицизам.

Сепак, што мислите, дали ваква комбинација спакувана во добро познатото алуминиумско куќиште ќе биде посакувана?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП