8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПретерување? 50 мегапикселна камера во телефон!

Претерување? 50 мегапикселна камера во телефон!

50 nokia

Транзицијата од „Nokiа“ во „Microsoft“ e завршена, но брендот „Lumia“ изгледа дека дури сега ја доживува вистинската експанзија. Последните инфромации откривааат дека гигантот од САД подготвува нова линија на модели со значително моќни карактеристики.

Имено, „Lumia 1052“ или „1030“ (се уште не е одредено точното име) ќе пристигне со импресивна камера од 50 мегапиксели и четвртата генерација на „LED“ блиц. Куќиштето ќе биде поголемо со цел камерата да може да се смести во него, додека дисплејот ќе има дијагонала од пет инчи и „fullHD“ резолуција. Тоа што е за пофалба е дека ќе биде изработено од алуминиум.

Останатите карактеристики откриваат дека ќе има „3D Touch“ интерфејс кој ќе работи со „Microsoft Kinect“ како и последната верзија на оперативниот систем „Windows Phone“.

Цената и датумот на почетокот на продажбата не се објавени, но се очекува дека смартфонот веќе на почетокот на следната година да биде прикажан на еден од саемите за техника.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП