16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлободни 992 работни места во услужните дејности и продажбата

Слободни 992 работни места во услужните дејности и продажбата

vrabotuvanje-mesto

Во четвртото тримесечје од 2012 година, стапката на слободните работни места изнесува 1,23 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Најголем број на слободни работни места, односно 992 има во групата на занимања Работници во услужни дејности и продажба.

Највисока стапка на слободни работни места од 2,65 отсто има секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, додека најмала е стапката во секторот Ј – Дејности во врска со недвижен имот со 0,17 отсто.

Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 1,45 отсто, а највисока стапка на слободни работни места од 2,22 проценти се бележи во Пелагонискиот регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП