26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија да ја напушти еврозоната

Италија да ја напушти еврозоната

Belgium Nobel Peace

Пратеникот од Христијанско-демократската унија, Клаус Петaр Вилш, денеска ја повика Италија да ја напушти еврзоната, доколку не може да ги почитува прописите на Европската унија по изборитe.

Доколку некој не може да ги убеди луѓето во земјата дека мораат да ги исполнат обврските, кои ги презеле во насока на функционирање на заедничката валута, не треба да има повици од надвор за распишување нови избори, но таа земја тогаш треба да се врати на сопствената валута, изјави Вилш.

„Доколку сакаме да имаме мирољубива и чесна соработка во Европа и сериозно да го сватиме правото на народот да ги носи сопствените одлуки, треба да се откажеме од идеологијата Европа со евро“, изјави конзервативниот политичар, кој е познат евроскептик.

Германија, која е најголемата европска економија, не ја криеше загриженоста дека неизвесноста во Италија по изборите би можела повторно да ја поттикне кризата, која мирува со месеци.

Лидерите во Европа, нервозно ги следат настаните во Рим, каде што се помала е веројатноста дека набрзо ќе биде формирана влада. Италија по изборите се најде во ќор-сокак, иако се очекува дека водечките лидери ќе се обидат да формираат коалиција, не е исклучена можноста за нови избори за неколку месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП