27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle подготвува детски верзии на своите онлајн услуги

Google подготвува детски верзии на своите онлајн услуги

google deca 4

„Google“ подготвува детски верзии на своите онлајн услуги. Тие ќе почнат да се појавуваат постепено во почетокот на следната година, објави „USA Today“.

Во моментов услугите на компанијата се достапни официјално само за деца над 13-годишна возраст. Новите предлози сепак ќе можат да се користат од страна на деца под 12 години.

„Голема мотивација во компанијата е дека се повеќе вработени веќе имаат деца и има голема желба меѓу нив да се направат производи кои се забавни и сигурни за децата“, коментира Павни Диванџи, потпретседател на инженерскиот оддел кој ќе ги развива новите услуги.

Во компанијата се свесни дека има многу деца кои имаат сметки во нејзините онлајн услуги, макар и да не ги исполнуваат условите. Засега таа не се ангажира со конкретен рок кога ќе се појават првите специјализирани услуги за деца и кои ќе се тие.

Очекувањата се дека ќе има верзија на „YouTube“ за деца и верзија на „Chrome“ прелистувачот, кој ќе може поефикасно да ги избира сајтовите кои треба да ги користат децата. Родителите исто така ќе имаат повеќе можности за управување на услугите и контрола на содржината.

Овој тип на сметки ќе имаат и многу построга контрола над собраните информации. Освен од родителите вестта најверојатно ќе биде добро пречекана и од американските власти. Федералната комисија за трговија веќе казни 20 компании за собирање на информации за деца без дозвола или знаење на родителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП