За еден пар од ретро џорданките, со себе да го носи атрибутот феноменално, тој мора да биде лесен, издржлив и со одлична подршка за нозете…
Овој бренд секогаш ги претставувал најимпресивните патики за тренинг и кошарка, а нивното ново издание „Black House Jordan XI“ е едноставно фантастично. Овие патики „Jordan XI“ добија редизајн од страна на „KXIV“ брендот, а на нив се претставени дистинктивно Thai елементи. Направени се од уникатна кожа од питон, ласерски сечена кожа од крава, бафало и други висококвалитетни матеијали. Традиционалниот Thai шаблон кој се појавува, односно Garuda амблемот и тексотот кој е испишан на нив, е нанесен со ласерско сечење за кое биле потребни шеснаесет часа труд.
Сигурни сме дека секој љубител на кошарката и соврешената опрема за спорт ќе биде воодушевен со овој нов модел. Поради висококвалитетните материјали кои се користени, овие патики чинат 2.000 долари, а можат да се купат само онлајн, преку страната на KXIV брендот.