27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon Mobil подготвен за пад на цената на нафтата

Exxon Mobil подготвен за пад на цената на нафтата

exxon mobil09

Американската нафтена компанија „Exxon Mobil“ е подготвена за намалувањето на цената на нафтата на 40 долари за барел, изјави извршниот директор Рекс Тилерсон.

„Нашите инвестициски одлуки, големите проекти за течен нафтен гас, ископувањето во длабоките води, се одлуки за десетина години однапред. Во согласност со тоа, тие треба да се реализираат во широк спектар на цени. Ние ги тестиравме сите проекти во опасег од 40 до 120 долари за барел. Покрај тоа, проектите, во голема мера зависат, не само од цените, туку и од даночните режими во различни земји“, објасни Тилерсон.

Тој потсети дека „Exxon Mobil“ е голем инвеститор во прокетите за гас од шкрилци на територијата на САД.

Намалувањето на цената ќе ги врати бизнисмените со нафта на основите на бизнисот, вели Тилерсон.

„Важно е да ги следите своите пари и инвестициските одлуки. Бидете дисциплинирани во се и разгледајте ги можностите кои можат да се реализираат во постоечките околности“, советува тој.

Цените на нафтата во понеделникот беа на петгодишен минимум, ВТИ на 63,77 долари, а БРЕНТ на 67,53 долари, а од јуни загубија околу 30 проценти од вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП