28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз во 2012 година го посетиле 29 милиони туристи

Париз во 2012 година го посетиле 29 милиони туристи

paris11

Во текот на 2012 година, Париз го посетиле рекордни 29 милиони туристи, соопшти Туристичкото биро на францускиот главен град.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, податоците покажуваат дека француската престолнина останува и натаму најпривлечна за Американците и Британците.

Според Бирото, во 2012 година посетеноста на париските хотели била рекордна. Регистрирани се 15,68 милиони пристигнувања на туристи, што претставува пораст од 0,2 отсто, а исполнетоста на капацитетите била 79,9 проценти (раст од 0,1 отсто), ниво кое дсоега не е забележано.

paris13

Во Париз биле оставрени вкупно 36,9 милиони ноќевања во хотелите, од кои околу 13 милиони од страна на Французи, а останатите 23,9 милиони од странци.

Најбројни меѓу странците биле Американците и Британците, секои со над еден милион ноќевања во хотелите, односно Американците со 4 милиони ноќевања (раст за 12 проценти) и Британците со над 2,5 милиони ноќевања (заголемување за 6 отсто).

Туристите од Швајцарија и Кина се тие кои забележаа најголем пораст – Шајцарците за околу 18 проценти на 313.000 посети и 795.000 ноќевања, а Кинезите за околу 15 отсто со 181.000 посети и 474.000 ноќевања.

Бројот на туристите од Шпанија и Италија шеста година по ред се намалува.

paris12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП