7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple го „позајми“ дизајнот за iPhone 6?

Apple го „позајми“ дизајнот за iPhone 6?

kineski ajfon

Кога станува збор за новите „iPhone 6“ модели, страстите никако да се смират. Потсетуваме дека веднаш по претставувањето одекна „bendgate“ аферата. Само што истата малку се стиши, на повидок е нова.

Овој пат не станува збор за виткање на куќиштето, туку за изгледот на истото. Имено досега бројни кинески производители на евтини смартфони редовно го копираа изгледот на многу поскапиот „iPhonе“, меѓутоа се чини дека овој пат Американците ги копирале Кинезите!? Барем така тврди кинеската компанија „Digione“, која за тоа на почетокот на септември до „Apple“ испратила и официјален допис.

Од „Digione“ наведуваат дека постои можност од „Apple“ при дизајнирањето на новиот „iPhonе“ да ги повредиле нивните права, односно дека го „позајмиле“ изгледот кој тие го заштитиле (патентирале) уште во јули оваа година. Засега „Apple“ нема потреба да се грижи, затоа што „Digione“ се уште нема намера да ги тужи, туку се надеваат дека проблемот ќе го решат со добра волја и комуникација.

Се чини дека изгледот на новиот „iPhonе“ е полн погодок, затоа што за многу сличен дизајн се одлучи и „Lenovo“ зa својот смартфон „S90“. Писмото упатено до „Apple“ можете да го прочитате на следниот линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП