20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појавија спецификациите на моделот Mi 5

Се појавија спецификациите на моделот Mi 5

mi xiaomi 5

Најбрзо растечкиот светски производител на паметни телефони – кинеската компанија „Xiaomi“ планира пуштање на најновиот уред од висока класа – „Mi 5“.

На интернет веќе протекоа информации, според кој смартфонот најверојатно ќе е со 5.7-инчен екран со резолуција од 2560×1440 пиксели, како и процесор „Snapdragon 810“.

mi xiaomi 51

Смартфонот најверојатно ќе располага со 3GB RAM меморија, а неговата цена се очекува да биде во рамките на околу 350 долари. Уредот кој е позициониран во класата на фаблетите, ќе е главен конкурент на моделите како „Galaxy Note 4 LG G3“ и „iPhone 6 Plus“.

Моделот се очекува да има и уред за отпечаток, со кои се одликуваат смартфоните од највисока класа, како оние на „Apple“. Кинескиот производител е на пат да продаде 60 милиони смартфони во оваа година, или три пати повеќе во споредба со изминатата. Таа има планови да влезе на два нови пазари во следната година – во Бразил и Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП