17 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Radisson Blu Hotel (фото)

Луксузниот Radisson Blu Hotel (фото)

jak1

Хотелот „Radisson Blu Hotel“ е една од најубаво дизајнираните згради во Дакар, Сенегал.

Тој е совршено дизајниран од архитектонската компанија „Saota“. Во хотелот се вклучени повеќе комплекси кои се состојат од продавници, спа центар, апртмани, кино и куглана. Тој содржи 180 апартмани, префинета трпезарија и ресторан, целодневен ресторан, конференциски сали, сали за состаноци и повеќе објекти со различна намена.

Влезот на хотелот е зачудувачки, тој се состои од големо фоаје со спирални скали, преку кои се поврзуваат собите, базенот, ресторанот и конференциските сали.

Внатрешноста на собите е модернистички уредена, фоајето сеодржи софи за релаксција, каде можете да се релаксирате со некој вид на пијалок, собите и апартманите исто така се модернистички уредени, со елегантен и современ мебел чија главна карактеристика е комфорот. Луксузните додатоци во собите и апартманите ќе бидат вашето секојдневие за време на престојот тука.

Огромните лустери кои зрачат со грациозност се клучни за луксузниот изглед на хотелот. Нивната изработка е доста комплексна, а за тоа се погрижи компанијата „La Perla“ која рачно ги изработи.

Пред хотелот е поставен големиот базен со платформи и палми на кои можете да уживате вкусувајќи некој прекрасен коктел.

Уживајте…

jak2

jak3

jak4

jak5

jak6

jak7

jak8

jak9

jak10

jak11

jak12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП