19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА И во Швајцарија не „цветаат рози“

И во Швајцарија не „цветаат рози“

shvajcarija2

Во Швајцарија 11,8 проценти од вработените имаат плата која не е доволна за пристоен живот, меѓу нив најголем број се жени.

Платата на секој десетти маж во оваа земја е под 4.000 франци, а жените во просек заработуваат 630 франци помалку од нив, се наведува во извештајот на Универзитетот од Женева.

Според резултатите од истражувањето, бројот на вработените со полно работно време, со месечни примања пониски од 3.986 франци е 437.000 лица.

Меѓутоа, претставниците на синдикатите велат дка бројот на лицата кои земаат помала плата од 4.000 франци е околу 500.000, додека Заводот за статистика вели дека овој број е 368.000, не сметајќи ги вработените во земјоделскиот сектор, ниту оние кои работат како домашни помошници, пренесуваат швајцарските медиуми.

Нееднаквоста во платите е исто така видлива во оваа земја, бидејќи ниската плата им припаѓа на 15,8 проценти од жените, а 6,1 процент на мажите.

Меѓу вработените кои имаат ниски приходи, 40 проценти се со високо образованиe. Во Швајцарија за нормален живот на една единка и се потребни околу 4.500 франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП