1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДоколку го правите ова, време е да ги избришете профилите на друштвените...

Доколку го правите ова, време е да ги избришете профилите на друштвените мрежи

drustveni mresi 4

Алекс Сујунг-Ким Панг, експерт за технологија, сподели со читателите на „Хафингтон пост“ само некои од причините поради кои би требало да ги избришете профилите на друштвените мрежи.

Време е за повлекување:

– Кога ќе почнете да го креирате својот живот, така да се што ќе направите да заврши на „Твитер“ или „Инстаграм“, време е да се повлечете, тврди Панг. Тој, исто така наведува дека не е добар фактот, дека „честото размислување за тоа дека некаде одите со намера тоа да се појави на друштвените мрежи“.

Вашите нокти на „Инстаграм“:

Сите ние имаме пријатели кои на друштвените мрежи го делат секој детал од својот живот.

– Пишивањето на чести „твитови“ за тоа што во моментот правиш и потребата на луѓето, кои можеби и не ги познаваш, да споделуваш интимни моменти, се првите знаци дека друштвената мрежа ја превзема контролата над вашиот живот, наведува Панг.

Минатото на друштвените мрежи:

Доколку се забележите себеси дека проверувате што прави вашиот поранешен парнтер и со што се занимава неговиот сегашен парнтер, тогаш поминувате и премногу време на својот профил на „Фејсбук“.

Љубомора во најава:

Работите кои вашите пријатели ги поставуваат на своите друштвени мрежи, може да предизвикаат чувство на љубомора.

– Всушност, премногу трошење време на „Фејсбук“ и „Твитер“ може во Вас да предизвика негативно чувство и правење на погрешни слики за луѓето, што може да доведе дури и до влошување на пријателствата или љубовни односи, тврди Панг.

Чувствувате анкциозност кога немате пристап до вашиот телефон:

Меѓу оние сте кои го проверуваат „Фејсбук“ профилот за време на разговор со пријатели или додека чекате во автомобил на семафор? Дали поставувате коментари на „Твитер“ веднаш кога ќе се разбудите или непосредно пред спиење?

– Размислете колку вистински настани и разговори со луѓе сте пропуштиле, затоа што премногу време поминувате на друштвените мрежи, потсетува Панг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП