Луксузниот пентхаус во Мајами, апартман во кој престојувале многу познати личности како што се Мадона и Џим Кери, продаден е за 27 милиони долари.
Гламурозниот ентериер кој се простира на повеќе од 600 метри квадратни, се наоѓа во зградата „The Setai“, а поседува 4 спални и 6 бањи.
Од секоја просторија има беспрекорен поглед кон океанот. Апартманот поседува извонредно дизајнирана тераса со базен и џакузи.
Предходниот сопственик во 2010 година го купил овој луксузен апарман по цена од 15 милиони американски долари. Во меѓувреме тој го изнајмувал апартманот по цена од 30,000 долари за една ноќ.