4 мај, 2024

Луксузен Perrier Jouet

Perrier-Jouët Grand Brut Bottle by Cimon Art

Луксузното издание на „Perrier Jouet“ украсено со Сваровски кристали…

Познат по својата луксузна и единствена серија на лего скулптурата „Little Love Stories“, која е направенa од лего коцки обложени со различни метали и украсени со Сваровски кристали, овој њујоркшки уметник Симон, сега соработува со реномираната куќа за шампањ „Perrier Jouet“.

sha2

Уметникот користеше кристали за да го нагласи потписот на „Perrier Jouet“, на самото шише и на кутијата. Идентичната дрвена кутија исто така има и некои дополнителни мотиви, како на пример играчка воз од црвени кристали и мече од огнено портокалови кристали. Со цел да ја украси повеќе дрвената кутија, уметникот додал повеќе видови на кристали на неа, во различна големина и со различна боја.

sha3

Етикетата на шишето е украсена со цветни мотиви кои се повторуваат неколку пати, со проѕирни кристали во форма на ливче, опкружени со бледо жолти кристали. Задната страна на шишето е украсена со кристално чист цвет со златно стебло. Шишето од три литри е дополнително украсено со Сваровски кристали и означено е со потписот на Симон.

Perrier-Jouët Grand Brut Bottle by Cimon Art

Цената на овој луксузен шампањ е 4900 долари…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП