Намерата на канадскиот производител на мобилни телефони, „BlackBerry“, да ја превземе германската компанија „Secusmart“ позната е уште од летото.
Меѓутоа, тоа превземање неможеше да се реализира пред него германската влада да ја даде својата согласност.
Имено, „Secusmart“, произведува безбедносни енкрипциски решенија за телекомуникациските компании кои се користат за високите претставници на оваа држава, на чело со Канцеларката Ангела Меркел.
Германската влада во петокот објави дека нивните експерти ги истражиле сите околности поврзани со превземањето на „Secusmart“, па оваа компанија со седиште во Дизелдорф доби зелено светло да биде продадена на Канаѓаните.
Дозволата пристигна откако германските безбедносни служби се увериле дека „BlackBerry“ може да продолжи со приватноста на податоците, т.е. дека не постои страв дека доверливи информации може да протечат до тајните служби на други држави.