2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple подготвува 12.2-инчен iPad Air Plus

Apple подготвува 12.2-инчен iPad Air Plus

air m pad

„Аpple“ подготвува нов поголем модел на таблетот „iPad“. Тој ќе е со 12.2-инчен екран и може да биде претставен кон крајот на пролетта следната година, објави интернет изданието „9to5mac“.

„iPad Air Plus“ ќе го следи новиот тренд на „Apple“ да презентира и поголеми верзии на популарните уреди. За овој модел на таблетот се шпекулира веќе подолго време, а ваква информација објави и јапонското списание „Mac Fan“ кое ги предвиде точните димензии.

Не е познато дали овие информации се вистински, поради тоа што од „Apple“ не коментираат на оваа тема. „Mac Fan“ сепак пред време ги објави дијагоналите и на „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“, кои се покажаа вистинити.

Според податоците, таблетот ќе го користи новиот процесор „А9“ и подобрен хардвер. Карактеристика ќе биде присуството на четири звучници. На овој начин корисникот ќе може да слуша стерео звук без разлика дали го држи таблетот во вертикална или хоризонтална положба.

Неодамна „The Wall Street Journal“, пак објави дека „iPad Air Plus“ бил предвиден за оваа година, но неговото производство е одложено, за да може компанијата да се справи со побарувачката на двата нови модели на „iPhone“.

Покрај „iPad Air Plus“ напролет ќе биде претставен и „iPad Mini 4“. Таблетот ќе има сличен дизајн со тој на „iPad Air 2“ и слични спецификации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП