26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПромена во врвот на LG

Промена во врвот на LG

ceo lg

Почетокот на неделата и крајот на истата се резервирани за големи промени, барем кога станува збор за раководствата на јужнокорејските компании.

Потсетуваме дека во понеделникот пристигна вестта дека се подготвува „голема рокада“ во самиот врв на „Samsung“, поради лошите бизнис резултати. Истата работа сега се подготвува и внатре во „LG“, меѓутоа причината е друга.

Од „LG“ пристигнува само информацијата за промена на досегашниот Извршен директор Јонг-Сеок Парк, а „CNET“ дознава дека до ваква одлука е дојдено поради здравствените проблеми на Парк. На оваа одговорна позиција ќе го замени Џуно Чо, досегашниот претседател и „COO“ на компанијата „LG Corp.“ под која се наоѓа и „LG Electronics“.

Сепак, досегашниот „CEO“ нема да остане без работа, затоа што за него е направена нова позиција внатре во компанијата – „Chief Technology Advisor“ со која ќе има можност да го советува својот наследник, па така да му ја олесни работата во преодниот период.

Овие промени стапуваат на сила од 1-ви декември 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП