27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за решавање на долговите и управување со нефункционалните кредити

Конференција за решавање на долговите и управување со нефункционалните кредити

nbrm1111

Во организација на ИФЦ, членка на Групацијата на Светска банка и Народната банка на Република Македонија денеска во Скопје се одржа Конференција за решавање на долговите и управувањето со нефункционалните кредити во земјава.

На Конференцијата беше истакнато дека Македонија ќе има полза од експертизата на Светската банка за одржливите системи за решавање на долговите и управувањето со нефункционалните кредити.

Целта на Конференцијата, според претставникот на ИФЦ во Македонија Зоран Мартиновски, е да се споделат меѓународното искуство и знаење во областа на стратегиите за решавање на долговите.

Истакна дека постои ризница од искуства во другите европски земји што може успешно да се применат и во Македонија.

Конференцијата ја отвори гувернерот на НБРМ Димитар Богов кој истакна дека не може да се создаде ефективен и ефикасен систем за решавање на долговите без учество на носителите на политиките, регулаторите и другите релевантни институции.

На Конференцијата се дискутираше и за техничките прашања поврзани со решавањето на долговите, со особен осврт на она што може да сторат носителите на политиките за да го олеснат решавањето на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор. Учесниците разговараа за расположливите механизми за принудна наплата на долгот, за постапките поврзани со преструктурирањето и несолвентноста, за потенцијалната продажба на нефункционалните кредити и даночните влијанија, како и за разните пречки за ефикасно решавање на долговите во земјата.

На Конференцијата присуствуваа претставници на Министерството за финансии, Министерството за правда, Управата за јавни приходи, како и претставници на судовите, деловните банки и македонското Здружение на банкарството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП