26 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПремиум луксузен имот во Лос Анџелес (фото)

Премиум луксузен имот во Лос Анџелес (фото)

hbn2

Дури и според стандардите на Лос Анџелес, оваа вила која ви ја претставуваме е ултимативен луксуз…

Таа е резултат на соработката на Џозеф Феруџија, Роман Џејмс и сопственикот на вилата, тајкунот Брус Маковски. Таа зрачи со стил и елеганција од секој агол. Има површина од околу 2.500 квадратни метри, а дизајнирана е како место за релаксација и одмор во атмосфера на беспрекорен луксуз.

Во нејзиниот ентериер може да го видите мебелот и ѕидните панели на Bentley и барот испириран од познатиот Џејмс Бонд, додека главен декор е репликата на мотоциклот на Џејмс Дин. Оваа вила, верувале или не, има своја приватна слаткарница.

Исто така, има седум спални соби кои се беспрекорно дизајнирани, ултра модерно домашно кино, гаража отворен концепт и хидраулични паркинг места, како и комплетен опремен фитнес центар.

Ова е вистински рај, особено за мажите. Вилата ви дава можност за панорамски поглед кон Лос Анџелес. Цената на овој имот е 85 милиони долари, но таа вреди за секој цент поради својата локација и луксузот кој го нуди.

hbn4

hbn5

hbn6

hbn12

hbn7

hbn11

hbn9

hbn10

hbn8

hbn3

hbn1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП