28 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕлегантната и пространа јахта Azimut 80 (фото)

Елегантната и пространа јахта Azimut 80 (фото)

aza1

Италијанскиот производител на луксузни јахти „Azimut“ го претстави својот прв брод подолг од 70 стапки, кој ќе биде целосно дизајниран во нивниот производствен погон – „Azimut 80“.

Дизајнот на екстериерот на оваа луксузна јахта е дело на Стефано Риџинија, додека ентериерот е дело на „Achille Salvagni Architetti“ студиото. „Azimut 80“ е многу пространа и удобна јахта: нејзините четири елегантни кабини имаат доволно простор во нив да бидат сместени oсум гoсти, а тука се и петте бањи и пространата палуба која е дополнителен простор за уживање. Осветлувањето, базирано на LED технологијата е уште еден импресивен елемент на оваа јахта. Тоа може да биде целосно контролирано во зависност од атмосферата и расположението кое го сакате. Огледалата и високите тавани исто така придонесуваат за целокупниот простор да изгледа пространо. Покрај ова, во рамките на оваа јахта се и платформата за пливање и палубата за уживање …

„Azimut 80“ се движи со помош на два MAN мотори со 1500 HP, кои и овозможуваат достигнување на максимална брзина од 30 јазли. Нејзиниот резевоар има капацитет од 6.000 литри, додека поседува и воден резервоар со капацитет од 1.200 литри. Исто така, таа може да има и вградени CMC Marine перки кои служат како дополнителен стабилизатор.

aza2

aza3

aza4

aza5

aza6

aza7

aza8

aza9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП