19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Намалувањето на буџетот на САД ќе го почувствуваат сите

ММФ: Намалувањето на буџетот на САД ќе го почувствуваат сите

sad1

Автоматското намалување на буџетот на САД, кое денес би требало да стапи на сила, ќе ја погоди глобалната економија, соопшти ММФ.

Тоа ќе се одрази на глобалниот раст, а исто така, ќе треба да спроведеме и нова проценка за прогнозата на растот кој се однесува на САД и другите земји, изјави портпаролот на ММФ, Бил Мареј.

Мареј нагласи дека намалувањето на буџетската потрошувачка за 85 милијарди долари ќе биде спроведено во текот на наредните седум месеци. Драстичните намалувања ќе следат, бидејќи демократите и републиканците не успеаа да постигнат договор околу намалувањето на буџетскиот дефицит.

„Тоа навистина ќе го погоди американскиот раст“, изјави Мареј. Моменталните прогнози на ММФ за растот на американската економија за 2013 година изнесуваат два проценти, а економистите очекуваат дека автоматското намалување на буџетот ќе одземе најмалку 0,5 процентни поени од растот.

Говорејќи за влијанието на глобалниот раст, Мареј истакна „Земјите кои најтешко ќе бидат погодени се оние кои имаат активни трговски односи со Соединетите Американски Држави“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП