Наjобичниот авио билет за некого може да чини цело богатство. Цените достигнуваат и до неколку илјади долари. Но, во овие екстремно скапи летови пресметан е и комплетниот луксуз и разните удобности кои ви се нудат.
Исто така, авиосообраќајот секој ден се развива и напредува, па многу авиокомпании се трудат да привлечат патници на своите авиолинии. Многу авиокомпании се обидуваат на секој начин да ги привлечат и богатите клиенти односно милионерите и мултимилионерите.
Ова се десетте најскапи авио билети во светот:
10. Њујорк – Сингапур (SINGAPUR AIRLINES) 14.000 долари
Ако некогаш се најдете на овој лет, ќе имате прилика да уживате во апартманите од прва класа. Ќе имате сопствена спална соба и кревет, во која може да се опуштите по гурманскиот оброк и скапото вино.
9. Лос Анџелес – Мелбурн (QANTAS) 14.974 долари
Луксузот почнува со седењето во кожните седишта покрај запалениот камин, а за оние кои сакаат забава, постојат кревети и големи тач-екрани на кои може да се гледате се што ве интересира.
8. Лос Анџелес – Токио (JAPAN AIRLINES) 16.078 долари
Додека патувате ќе имате прилика да се опуштите во кожни седишта, најудобни кревети со квалитетни душеци, со добар избор на вина и разновидна забавна програма.
7. Њујорк – Сингапур (VIRGIN ATLANTIC) 21.000 долари
На овој скап лет ќе ве одушеви комфорот кој го овозможуваат седиштата кои се прилагодуваат на вашето тело. Мониторите наменети за секој патник, одржувањето на состаноци во авионот и гурманска кујна се само дел од предностите кои ќе ги добиете на овој лет.
6. Њујорк – Сингапур (SWISS AIR) 22.265 долари
Повратен билет во овој авион ветува дека ќе се чувствувате како „во сопствениот дом над облаците“. Големите кревети, специјалитетите на светските кулинари и модерно опремените тоалети ќе го направат ова патување незаборавно.
5. Хонк Конг – Њујорк (CATHAY PACIFIC) 26.572 долари
Услугата на овој лет е меѓународно призната и наградувана, така што квалитетот е веќе докажан. Во големата внатрешност на авионот, патниците може да пробаат различни специјалитети на кинеската кујна и секако кавијар за појадок.
4. Њујорк – Пекинг (KOREAN AIR) 27.000 долари
Во овој авион ќе го почувствувате духот на кинеската култура и уметност, додека уживате во ориенталните специјалитети и традиционалното вино. На копче може да го наместите вашето седиште за спиење и да се впуштите во уживањето.
3. Сан Франциско – Абу Даби (ETIHAD AIRWAYS) 28.000 долари
Спектакуларниот лет нуди кожен мебел, поделени екрани за забава, приватни мини-барови, богати менија и вински листи, кои ќе ви овозможат задоволство за сите сетила.
2. Лос Анџелес – Дубаи (EMIRATES FLIGHT) 30.000 долари
Сосема заслужено второ место за овој лет со цена од неверојатни 30 илјади долари, со кој летаат многу познати и славни личности како и најбогатите бизнисмени. Сите тие уживаат во своите приватни апартмани, спа-простории и мини бар, кои во овие 16 часа лет овозможуваат буквално да „полетате“.
1. Њујорк – Хонк Конг (LUFTHANSA) 43.535 долари
Ова е најскапиот авио билет во светот, чија цена изнесува „само“ 43,535 долари. Авионот нуди опции како избор на личен асистент, тоалетни објекти, најдобрите вина и најдобрите специјалитети од светското кулинарство.