30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски-Чакрабарти: Подготвеност од ЕБОР за поддршка на македонски проекти

Груевски-Чакрабарти: Подготвеност од ЕБОР за поддршка на македонски проекти

cakarbati

Динамиката на тековните проекти од патната и железничката инфраструктура, што се спроведуваат со поддршка од 305 милиони евра од ЕБОР и можностите за соработка на идни проекти, како што е воспоставувањето гасификациска мрежа, беа во фокусот на разговорите на премиерот Никола Груевски со претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти.

На средбата во Виена, Груевски пред Чакрабарти го истакнал значењето на изградбата на патиштата и железничката мрежа коишто се реализираат во соработка со ЕБОР.

„Средбата беше добра можност да се заблагодарам за неодамна одобреното финансирање за 5 крупни проекти во Република Македонија во износ од 305 милиони евра. Едниот дел е за железницата и тоа за втората фаза од градбата на пругата кон Бугарија, а вториот дел е за градбата на четири патишта, од кои два се градби, реконструкции и проширувања на патот Штип ­ Кочани и патот Прилеп ­ Градско кои треба да почнат кон средината на 2015 година, а вторите два се градби на нови патишта и тоа патот Струга ­ Требениште и патот Охрид ­ Пештани кои треба да започнат до крајот на 2015 година или во 2016 година“, изјави Груевски по средбата.

Според Груевски, со ЕБОР веќе подолг период се разговара за соработка за гасификациската мрежа и најдоцна за два месеца ќе се знае дали проектот ќе се реализираа со таа институција.

„За овој проект имаме подолг период на разговори и веќе сме во очекување да видиме дали ќе ги издоговориме сите детали во наредниот период. Ние имаме контакти и со други можни поддржувачи на овој проект, така што наредниот месец до два ќе знаеме дали ќе го реализираме овој проект со ЕБОР или со некои други институции кои би биле подготвени да го финансираат“, изјави премиерот Груевски.

Претседателот на ЕБОР Чакрабарти, според соопштението од владината служба за информирање, изразил задоволство од досегашната соработка и ја истакнал подготвеноста за дополнителна поддршка на проекти кои се од интерес за Република Македонија.

„Соработката со Македонија е едно од најпозитивните партнерства на ЕБОР. Оваа година е рекордна според нивото на инвестиции на ЕБОР во Македонија кои се во вредност од 240 милиони евра и тоа инвестиции во два големи проекта во областа на градба на патишта и градба на железницата од Коридорот 8 на кој што сум горд, бидејќи се работи за значаен проект за меѓуграничната и регионалната соработка со кој што Македонија покажува лидерство. И за во иднина имаме многу добри проекти за соработка не само во инфраструктурата, туку и во областа на енергетиката, поточно во делот на гасификацијата“, изјави Чакрабарти по средбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП