Во денешно време човек може вистински да се издвои со нарачка на специјално направен „iPhone“. Овие телефони се одличен начин човек да ја изрази својата индивидуалност. Тие сепак чинат доста повеќе од обичните верзии.
Погледнете некои од најдобрите „custom“ смартфони „iPhone“, избрани од „Business Insider“, за да знаете што да побарате за подарок за празниците.
Од „Feld & Volk“ прават едни од најдобрите „custom“ смартфони „iPhone“ на пазарот. Овој „iPhone 5S“ од чисто злато чини 8.990 долари.
Ако покриениот со златно е премногу за Вас, „Feld & Volk“ произведува и графитен „iPhone 6“ за 4.799 долари. Во него, исто така, има малку злато.
„Feld & Volk“ произведува и тематските телефони по земји. Во овој телефон „iPhone 5S“ темата е Кина, а цената е 2.600 долари.
Овој „Lux iPhone 6“ од „Brikk“ има 24-каратно злато на куќиштето. Логото на „Apple“ не е со „Swarovski“ кристали. Тоа се дијаманти, што можеби ја објаснува и цената од 8.895 долари.
Можеби забележувате дека во повеќето телефони има златен мотив. Ако барате нешто различно, сепак овој „iPhone 6“ може да ви заврши работа. Цената му е 8.795 долари.
Во Велика Британија, „Goldstriker“ ги произведува овие позлатени „iPhone 5S“ со сопствена кожена покривка на грбот. Секој од нив чини малку над 5.900 долари.
Овој „iPhone 6“ од „Goldstriker“ со 24-каратно злато ќе ве чини околу 4.700 долари.
„Goldstriker“ исто така го произведува моделот „Rose Gold iPhone 5S Ambassador“ по цена од околу 6.000 долари.
Не секој може да си дозволи да си „custom – iPhone“. Во такви случаи луксузната торбичка на „Atelier“, направена од алигаторска кожа и челик, исто врши работа. Цената е 2.500 долари.
Оваа торбичка од челик и розев сафир исто така е дело на „Atelier“. Цената е 2.200 долари.
Оваа торбичка од црна кожа за „iPhone 6“ чини 2.100 долари и исто така е производство на „Atelier“.
Се разбира, за луѓето со повеќе пари, „Falcon Luxury“ произведува „iPhone 6“ од солидно 18-каратно злато со огромен розов дијамант на грбот, кој чини 110.5 милиони долари! Телефонот има голема гаранција.
Компанијата нуди и поевтина платинест верзија со син дијамант по цена од 48.5 милиони долари.