2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Милиони луѓе ќе ги загубат своите работни места во 2013

ЕК: Милиони луѓе ќе ги загубат своите работни места во 2013

eu

Европската комисија соопшти дека 2013 година ќе биде уште една тешка и долга година без економски раст и со нов раст на невработеностa.

Бруто домaшниот производ (БДП) во оваа година би требало да се намали за дополнителни 0,3 проценти, по минатогодишното забавување од 0,6 проценти. Како година во која ќе биде забележан раст од 1,4 проценти, се споменува 2014 година.

Според зборовите на Оли Рен, комесарот за финансии, тоа значи дека во 2013 година милиони луѓе ќе останат без своето работно место, а стапката на невработеност ќе надмине рекордни 12 проценти.

Сите очи сега се фокусирани кон Франција, втората по големина економија во еврозоната, која наместо очекуваното намалување на јавниот дефицит, оваа година очекува негов раст на 3,7 проценти.

Тука е и Шпанија, каде што дефицитот во 2012 се зголеми на неверојатни 10,2 проценти, во однос на дозволениот дефицит во еврозоната од три проценти.

Што се однесува до Шпанија, се чини дека се преземени структурни фискални мерки, но и дека е забележан неочекуван пад на економскиот раст. Во следните неколку недели и месеци ние тоа ќе го проверуваме, а потоа во догледно време ќе ја разгледаме можноста за продолжување на рокот кој и е даден на Шпанија за намалување на дефицитот, изјави Рен.

Економските прогнози, меѓу другото, и служат на Европската комисија како основа за одлуката за покренување постапка за прекумерниот буџетски дефицит.

Како дел од таа постапка, Комисијата преговара со одделни држави и утврдува до кога тие мораат да го намалат својот буџетски дефицит.

Од почетокот на кризата во ЕУ постојат низа мерки за јакнење на буџетската дисциплина и сега Комисијата има инструменти со кои ги казнува оние земји кои не соработуваат.

Во моментов покрената е постапка за прекумерен дефицит против 20 од 27-те членки на ЕУ.

Рен овој пат не сакаше да зборува за паричните казни, додавајќи дека за тоа ќе говори кога Комисијата ќе ги објави своите пролетни прогнози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП