23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ и ЕУ повторно ја критикуваат Грција

ММФ и ЕУ повторно ја критикуваат Грција

grcija2

Инспекторите на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ја критикуваа Грција поради пропустите во собирањето на даноци.

Тоа е од клучно значење за реконструкција на финансиската криза на погодените економии.

Во извештајот, кој е изработен од страна на ЕУ и ММФ, се наведува дека реформите во управувањето со даноците биле „недоволни“ и „матни“, пренесува агенцијата Франс Прес.

Грција во 2012 година успеа да собере нешто повеќе од една милијарда евра од ненаплатените даночни долгови, во споредба со зацртаната цел од две милијарди евра, забележуваат инспекторите.

Меѓутоа, на државата и должат околу 55 милијарди евра, сума за која малкумина сметаат дека некогаш ќе биде вратена, бидејќи многу компании кои и должат се банкротирани.

„Очигледна опасност е тоа што даночната администрација ќе продолжи да го следи текот на бавните реформи, без да го елиминира политичкото мешање и корупцијата“, се вели во извештајот.

„Мали се шансите целта за собирање на приходите во 2013 да биде остварена, доколку не дојде до спроведување на итни промени“, додаваат во извештајот.

Во извештајот, исто така, се наведува дека повеќето инспектори се во подоцнежните години и дека тие се лошо платени.

Речиси една половина од нив е на воздаст над 50 години, а тие добиваат месечна плата која е помала од 700 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП