20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави инфлацијата во еврозоната и ЕУ

Забави инфлацијата во еврозоната и ЕУ

inflacija12

Инфлацијата во еврозоната во јануари се намали на два проценти, како што беше целта на Европската централна банка, соопшти денес Европскиот завод за статистика.

Во соопштението се наведува дека стапката во декември изнесувала 2,2 проценти, а во јануари инфлацијата била најниска од 2010 година, и изнесувала 1,9 проценти.

Во јануари 2012 година, инфлацијата била 2,7 проценти.

Стапката на инфлација во 27 члената ЕУ во јануари се намали на 2,1 проценти од 2,3 проценти кои беа забележани во декември. Во јануари минатата година, стапката изнесуваше 2,9 проценати.

Најголема стапка на инфлација минатиот месец била забележана во Романија (5,1 проценти), потоа Естонија (3,7 проценти) и Холандија (3,2 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП