18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги органичува бонусите во банките

ЕУ ги органичува бонусите во банките

pari2

Претставниците на Европската унија постигнаа прелиминарен договор за новата финансиска регулатива, која ги вклучува и ограничувањата на банкарските бонуси.

Според договорот, бонусите нема да можат да бидат поголеми од годишната плата, тие можат двојно да ја надминат годишната плата но само ако тоа го одобрат акционерите на определена банка.

Договорот допрва треба да биде одобрен од страна на министрите на ЕУ, но тоа е само формалност.

Британија, домот на најголемите европски финансиски центри, беше против било какво ограничување на банкарските бонуси. Лондон вели дека новите прописи го ограничуваат растот на финансискиот сектор и доведуваат до одлив на таленти.

Огромните бонуси кои ги добиваат водечките банкари и финансиски експерти се најдоа на мета на критиките, откако голем број на банки побараа државна парична помош.

Договорот за новите прописи е постигнат по осум-часовните преговори во Брисел помеѓу Европскиот парламент, Европската комисија и претставниците на владите од 27 земји членки на Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП