7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа иста плата жените работат 59 дена повеќе од мажите

За иста плата жените работат 59 дена повеќе од мажите

rabota

Просечната разлика во платите меѓу мажите и жените во земјите-членки во Европската унија изнесува 16.2 проценти, што значи дека жените треба да работат дополнителни 59 дена во годината за да ги достигнат мажите.

Овој податок се најде во извештајот на Европската комисија по повод Европскиот ден за рамноправност меѓу половите во поглед на финансиските бенифиции во работата, кој се одбележува денес.

Европската комесарка за човекови права, Вивијан Рединг, истакнува дека принципот на еднакво вреднување во работата меѓу мажите и жените е запишан во европскиот договор од 1957-та година.

Исто така во извештајот се додава дека има и многу голема разлика меѓу земјите членки. Во Словенија е најмала разликата во платите меѓу жените и мажите и изнесува 0.9 проценти, потоа следи Полска со 4.5 проценти, Италија со 5.3 проценти, Луксембург со 8.7 проценти. Најголема разлика беше забележана од 27.7 отсто во Естонија, а потоа е Австрија со 24 проценти, Германија со 22.3 отсто и Грција со 22 проценти.

ЕК подготвува сличен извештај кој ќе биде завршен кон крајот на оваа година, па со него ќе се утврди до кој степен се применуваат директивите од 2006-та година за еднаквоста при вработувањето, како и рамноправноста во работата меѓу половите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП