7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИJolla го претстави проектот на својот прв таблет (видео)

Jolla го претстави проектот на својот прв таблет (видео)

jolla tablet

Финската компанија „Jolla“ го претстави својот проект на својот прв таблет, за чие реализирање побара помош на корисниците. Компанијата започна кампања за финансирање во платформата „Indiegogo“, а бара 380.000 долари. Само за неколку часа по почетокот на кампањата, таа собра над два пати повеќе пари, а износот постојано се зголемува.

„Jolla“ е компанија која е основана од поранешни вработени на „Nokia“. Од компанијата велат дека нејзината цел е да најде барем 2.000 луѓе кои да покажат желба да го купат таблетот. Таа веќе има над 2.500 лица кои ја поддржаа кампањата. Таблетот ќе чини малку над 200 долари за време на кампањата.

Уредот ќе го користи оперативниот систем „Sailfish“, кој е сопствен развој на „Jolla“. Компанијата гарантира дека нема да ги споделуваат или продаваат податоците на корисниците и дека во софтверот нема „задни дупки“, преку кои може да се овозможи следење на активностите на корисниците.

Софтверот има подобрен мултитаскинг, кој е оптимизиран за таблетот. Во ова е вклучено и користење на апликациите во нивните мали прозорчиња директно од екранот за избор на апликација. Освен тоа платформата може да работи и со апликации од „Android“.

Таблетот ќе користи 64-битен 4-core процесор на „Intel“. Чипот ќе работи на 1.8GHz. Во него се достапни 2GB RAM меморија и 32GB внатрешна меморија плус слот за „microSD“ картички. Екранот е со дијагонала од 7,85 инчи и со резолуција од 2048х1536. Овој уред има 5 МР камера на задниот капак и од 2 МР камера на предниот панел. Вградената батерија му е од 4300 mAh.

Плановите на компанијата се да започне испораката на првите примероци во мај 2015-та година. Засега уредот ќе биде достапен за нарачка само за време на кампањата во „Indiegogo“, а за неговата иднина потоа ќе биде одлучено во зависност од интересот за него, велат од „Jolla“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП