ЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ

Ентериер декориран со скапоцени камења (фото)

ent1

Како изгледа кога ентериерот ќе се украси со скапоцени камења?

Италијанската компанија „Antolini“ ги „облекува“ куќите во скапоцени камења и накит од својата „Precioustone“ колекција, давајќи и ново значење на идејата за секојдневниот луксуз…

Овие автентични плочи се направени од сјајни скапоцени камења, америст, кварц, јаспис и рубин и вешто се покриени со листови од стакло, сочувани за годините кои што доаѓаат.

Врз основа на природата на овие скапоцени камења, секој има различен тон, текстура и боја, нудејќи и низа уникатни завршни опции на секоја површина, на секој простор.

Кујната, бањата и дневната соба, ентериерите или екстериерите, подовите и ѕидовите, таванот и елементите ќе заблескаат во повеќе нијанси заедно со осветлувањето со што ќе ви овозможат „wow“ ефект.

Со повеќе од 100 различни скапоцени камења во колекцијата, се што треба да направите е да изберете една, а природата нека го направи другото.

ent2

ent3

ent4

ent5

ent6

ent7

ent8

ent9

ent10

ent11