20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook Groups - новата апликација на најголемата друштвена мрежа

Facebook Groups – новата апликација на најголемата друштвена мрежа

facebook-groups-app-story-top

Facebook ја објави новата апликација – „Facebook Groups“. Таа ќе им овозможи на корисниците да ги следат полесно новините во групите во кои членуваат.

Според социјалната мрежа луѓето членуваат во повеќе групи на различна тематика. Апликацијата ќе им помогне полесно да организираат комуникацијата во нив, да споделат содржина и да останат поврзани со други корисници.

Од „Facebook“ истакнуваат дека често во групите, во кои студентите си разменуваат информации за време на студиите, потоа се претвораат во начин да останат во контакт со години. Во некои фирми вработените пак ги користат групите, за да комуницираат и од далечина. Затоа има потреба од ваква апликација.

Таа ќе овозможува лесно креирање на нови групи и привлекување на корисници во нив. Преку табот „Discover“, пак ќе може да се отвараат нови групи кои се избираат врз основа на интересите во профилот на соодветниот човек.

За разлика од разговорите кои во „Facebook“ одлучија да ги одделат во целосно самостојна апликација, групите ќе продолжат да се достапни и во основната верзија на „Facebook“.

Компанијата дури ветува дека нема да ги игнорира и ќе продолжи да ја развива функционалноста и во другите верзии. „Facebook Group“ е достапна за сите корисници во целиот свет. Компатибилни платформи се само „Android“ и „iOS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП