2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајмоќните таблети во оваа година (фото)

Најмоќните таблети во оваа година (фото)

tableti nula

Останаа уште неколку недели до крајот на оваа година, што значи дека сите компании ги претставија своите најмоќни модели. Ова е споредбата на актуелните таблети.

„HTC Nexus 9“

jaki tab

Последниот таблет на „Google“ доаѓа од тајванската компанија и освен одличните спецификации, многумина го сакаат поради тоа што работи на новиот „Android 5.0“. Ова е воедно и еден од ретките таблети кои работат на процесорот „Nvidia Tegra K1“ со две јадра и такт од 2.3 GHz. Уште еден голем плус за овој уред е батеријата која има капацитет од дури 6.700 mAh.

Цена: 400 eвра

„Apple iPad Air 2“

jaki tab 1

 

Новиот модел на компанијата „Apple“ наскоро ќе го има на скоро сите пазари, а новитетите кои ги има гарантираат успех и во продажбата. Ова е еден од најтенките таблети на светот, дебелина од само 6.1 милиметри, додека останатите карактеристики кои го сочинуваат се дисплејот од 9.7-инчи и резолуцијата од 1.536 x 2.048 пиксели, камерата од осум мегапиксели и процесорот од 1.5 GHz.

Цена: 500 eвра

„Lenovo Yoga Tablet 2“

jaki tab 2

„Windows“ таблетите немаа толку успешна година, но кинескиот гигант претстави одличен уред пред неколку недели кој работи на верзијата „8.1“ и ги носи сите предности на овој „OS“ спакувани во малиот уред. Дисплејот од осум инчи има „FullHD“ резолуција, а работи на процесорот „Intel Atom“ и два гигабајти работна меморија. Исто така, батеријата е за секоја пофалба и овозможува повеќечасовна работа.

Цена: 250 eвра

„Samsung Galaxy Tab 8.4“

jaki tab 3

Претставен пред неколку месеци, се уште е актуелен поради одличните карактеристики кои го прават „AMOLED“ дисплејот од 8.4 инчи, резолуцијата од 1.600 x 2.560 пиксели. Тука се стерео звучниците, батеријата од 4.900 mAh и камерата од осум мегапиксели за солидни фотографии. Се очекува овој уред да биде надограден со новата верзија на „Android“ некаде на почетокот на следната година.

Цена: 260 eвра

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП