19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го намалува производството на смартфони за 30%

Samsung го намалува производството на смартфони за 30%

proizvodstvo 33samsung

Јужнокорејскиот електронски гигант „Samsung“ планира следната година да го намали бројот на произведени смартфони, како дел од мерките за намалување на трошоците, објави „MarketWatch“.

За време на презентацијата во Њујорк, шефот на одделот за односи со инвеститори, Роберт Ји најави дека компанијата ќе ја намали продажбата на паметни телефони за 25 до 30%.

„Овој чекор ќе му овозможи на „Samsung“ подобро управување на продавниците и политиката за снабдување, по падот на побарувачката на смартфоните од серијата „Galaxy““, велат аналитичарите.

Компанијата, која е најголемиот производител на паметни телефони во светот, во третиот квартал ја намали нето добивката за 49% до најниското нејзино ниво од 2011-та година.

Според експертите, тоа се должи на постојаното слабеење на показателите на бизнисот за производство на паметни телефони во позадина на високата конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП