20 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајнеуспешните продукти на Apple (фото)

Најнеуспешните продукти на Apple (фото)

app produkt

Американската компанија „Apple“ е позната во целиот свет со своите високо-технолошки производи со супериорен дизајн. Се разбира, за да стигне до својата слава, таа има направено не една или две грешки, вклучувајќи и пуштање во продажба на производи, кои не се добро прифатени од страна на корисниците.

Еве некои од најпознатите неуспешни производи на „Apple“ во нејзината историја, претставени од „Business Insider“:

„Саунд“ систем „iPod Hi-Fi“.

app produkt1

Базиран на популарниот уред „iPod“, „Apple“ се обложува на успехот на овој хибриден „саунд“ систем. Покрај интересниот дизајн, тој без сомневање не успева да го реплицира квалитетот на звукот како конкурентните системи, и на крајот се покажува како неуспех.

Хокеарски глушец.

app produkt2

Ова глувче е претставено со првиот „iMac“, но формата го прави неговото користењето исклучително тешко и тоа доведува до негово повлекување.

Телевизискиот проект „Macintosh TV“.

app produkt3

Пред Стив Џобс да премине кон идејата за „Apple TV“, компанијата лансираше сличен проект во 1993-та година. Нискиот квалитет на репродукција на сликата е главна причина од него да сe продадат само 10.000 парчиња.

Конзолата „Pippin“.

MINOLTA DIGITAL CAMERA

Произведена од компанијата „Bandai“, ова е прв обид на „Apple“ да влезе во бизнисот со играчките конзоли. Од неа сепак се продадени едвај 42.000 парчиња, пред да биде запрен во 1997-ма година – само една година по нејзиното претставување.

Десктоп „Apple III“.

app produkt5

Успехот на десктопот „Apple II“ ја натера компанијата да пушти и трета серија. Неговиот нефункционален дизајн ја принудува да ги откупи назад првите 14.000 продадени парчиња.

Дигиталната камера „Apple QuickTake“.

app produkt6

Претставена во 1994-та година, ова е една од првите дигитални камери, предложени на потрошувачите. За жал, на пазарот се уште не е подготвен за овој производ и тоа ја натера компанијата да го прекине производството во 1997-ма година.

Лаптопот „Macintosh Portable“.

app produkt7

Тоа практично е првиот лаптоп, произведен од компанијата. Покрај проблемите поврзани со екранот и батеријата, тој чини 7.300 долари, кога се појави на пазарот во 1989-та година – износ невозможен за многу од корисниците.

Десктоп „Mac G4 Cube“.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Воведен во 2000-та година, овој производ е премногу скап за тоа време, затоа што имаше цена од 1.799 долари. Тој имаше проблеми поврзани со прегревање, и затоа е „замрзнат“ во 2001-ва година.

Мобилниот телефон „ROKR E1“.

app produkt9

Произведуван од „Motorola“, мобилниот телефон е брендирани од „Apple“, а тоа е првиот мобилен уред со можност за преслушување на мелодии од „iTunes“. Претставен во 2005-та година, тој е запрен една година подоцна поради ограничената меморија и бавниот трансфер на податоци.

„Bluetooth“ слушалки.

app produkt10

Компанијата ги претставува сопствените слушалки во 2007-ма година заедно со првата генерација на „iPhone“. Разочаран од нивната побарувачка, сепак „Apple“ одлучи да го запре нивното производство во 2009-та година и да нуди слушалки на други компании во нивните продавници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП